Деле Али ја „ќари“ ќерката на Пеп Гвардиола

4369

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, бил забележан со ќерката на тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола. Деле Али и Марија биле видени заедно во бар во Лондон, објави весникот „Дејли Мејл“.

Според изворот, парот бил забележан во центарот на британската престолнина. Марија влегла со автомобилот на Али и заминале на друга локација.

Нивната врска започнала неколку месеци откако Али во февруари раскина со својата девојка, моделот Руби Меј, со која живееше пет години.

ПретходноФормула 1 најдоцна до 2030 година ќе стане „еко-натпреварување“
СледноКузмановски и Пешевски се пласираа во осминафиналето на Купот на Германија