Нојер не се појави на првиот тренинг на Германија, неизвесен за дуелите со Романија и Македонија?

118

Првиот голман на германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер не се појави на првиот тренинг на репрезентацијата кој се одржа денеска, пред натпреварите против Романија и Македонија.

Според германските медиуми,  селекторот Ханси Флик морал да го остави Нојер надвор од тимот откако тој се пожалил на болка во коленото.

Германската фудбалска федерација објави дека капитенот и натаму се опоравува од незгодната повреда, па затоа и не сакале да ризикуваат со негово вклучување на тренингот, па сега ќе се чекаат дополнителните лекарски извештаи.

Нојер (35) веќе имаше пауза во септемвриските квалификациски дуели поради проблеми со глуждот.

ПретходноЛазаров и Нант во четвртфиналето од Лига Купот на Франција
СледноЛута борба меѓу ривалите од Манчестер за потписот на „Новиот Суарез“