Савевски: Ова е нова репрезентација, се обидувам да направам склоп на искуство и младост!

204

Македонската женска ракометна репрезентација се подготвува за двомечот со Црна Гора во рамките на ЕХФ Купот. Првата средба се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во четврток со почеток во 20:15 часот, а влезот ќе биде слободен, истата ќе биде организирана според ковид протоколите.

„Задоволен од досегашниот тек на подготовките, нашите ракометарки кои настапуваат во странство се приклучија на репрезентацијата. Се гледа напредок кај сите, но сè уште е рано да се зборува за што и како ќе биде. Ова е нова репрезентација, се обидувам да направам склоп на искуство и младост. Девојките од домашната лига и не се во некоја завидна физичка подготвеност, направивме неколку тестови кои покажуваат дека општата состојба не е во најдобра ситуација. Се трудиме заедно со ракометната федерација, во наредниот период ќе правиме собири за да работиме и да правиме пресек и сериозни подготовки. Без тоа, не можеме да очекуваме голем успех“, изјави Савевски.

Вториот меч со Црна Гора е закажан за во недела на гостински терен.

ПретходноПерез откри детали за Мбапе, па се правдаше!
СледноМарко Николиќ и официјално не е повеќе тренер на Локомотив Москва