АТП покрена истрага, Зверев се огласи: Со месеци ги молев да го сторат тоа!

491

АТП вчера покрена истрага против Александар Зверев, откако неговата поранешна девојка Олга Шарипова откри дека физички и психички ја малтретирал. Како што вели таа, познатиот тенисер ја гушел со перница….

Тој од почетокот ги отфрлаше вакви обвиненија, по шт побара заштита од судот. Откако АТП и официјално отвори истрага, Зверев се огласи на социјалните мрежи.

„Од секогаш ја поддржував политиката на АТП за семејно насилство. Ги поздравувам за истрагата, бидејќи со месеци барав од нив да покренат независна истрага.

Како што изјавив и претходно, ги отфрлам сите обвиненија. Вече покренавме прелиминарна забрана против новинарот поради лажни вести. Сепак и новинарот и издавачот ја прекршија одлуката на судот, не се повлекоа, продолжија на социјалните мрежи со обвиненијата. Моите адвокати ќе превземат нов чекор“, се вели во дел од обраќањето на Зверев.

Ширипова вели дека ова го направила поради другите девојки со ваков проблем, сакала да ги охрабри.

„Сакав да излезам во јавност, и да бидам искрена. Многу девојки кои се во ваква ситуација молчат. Не приговараат, се плашат од коментари дека не е вистина. Сакав да им покажам дека не е тешко да се збори за тоа. Знаете дека ја зборувате вистината, дека не сте лоша личност и дека не сте го заслужиле тоа“, изјави поранешната девојка на Зверев.

ПретходноВардар и Борец со пријателска в сабота во Велес
Следно„Националите“ одработеа уште еден тренинг, Адеми во „погон“