Барди се поздрави со тренерот: Шефе, ви благодарам за се…

1167

Леванте по лошиот старт на сезоната во шпанската Ла Лига му врачи отказ на тренерот Пако Лопез. Клубот од Валенсија освои само четири бода по првите осум кола и се уште нема победа, па од клубот одлучија дека време е да се смени нешто – па тргнат е Пако Лопез, а ќе се бара нов стратег. Пако работеше со Б тимот на Леванте, а потоа го презеде А тимот во 2018 година. Тој остави силен впечаток кај македонскиот репрезентативец Енис Барди кој емотивно се збогува од својот тренер преку Инстаграм.

Шефе! Ви благодарам за се. Ви посакувам се најдобро во иднина затоа што тоа го заслужувате“, напиша Барди.

Барди играше на првите три натпревари во новата сезона, а потоа поради повреда ги пропушти следните пет. Најголема минутажа имаше против Сосиедад, на теренот помина 64 минути, а неговиот тим доживеа пораз од 1:0.

ПретходноУапсен фудбалерот кој го клоцаше судијата во главата (видео)
СледноМбапе за „Екип“: Не ми е проблем јас да трчам во одбрана, а Меси да оди по теренот