Бисерот на Барса добива нов договор со ненормална откупна клаузула!

328

Барселона сезонава го реконструираше тимот, неколку млади фудбалери се појавија во првиот тим, а меѓу нив е Гави. Новиот бисер од академијата на Барса игра добро во новата сезона, а челните луѓе сметаат дека тоа ќе биде идната ѕвезда на каталонскиот клуб.

Барселона му спремиле нов договор до јуни 2026 година во кој ќе стои и откупна клаузула од 500.000.000 евра, пренесува „АС“.

Гави пред два месеци го прослави 17-тиот роденден, а досега има седум настапи и доби повик од Луис Енрике во сениорската репрезентација на Шпанија. Тоа е јасен сигнал за каталонците дека треба да реагираат.

ПретходноПобеднички старт за Рајковиќ со Автодор во ВТБ-лигата
СледноДробаров е најдобриот дефанзивец во Бугарија