FOTO> Twitter/Molde
Охи Оможуанфо како награда за добрите настапи во норвешкото првенство доби повик во селекцијата на Норвешка за претстојните квалификациски натпревари против Турција и Црна Гора. Во составот ги нема Сорлот, го нема ни Халанд, па дефицитот во нападот ќе го пополни голгетерот на Молде кој на 23 меча постигна 22 гола!
Оможуанфо има нигериски корени но е роден во Норвешка и може да игра за норвешкиот национален тим. Тој веќе има еден настап за Норвешка и тоа на 13 јуни 2017 година кога на „Улеви“ го замени Содерлунд на мечот против Шведска.
Сега повторно е во националниот тим, а во нападот се заедно со Кристијан Торствет и Ветон Бериша.
Инаку Оможуанфо е играч на Молде до јануари, а потоа тој се сели во Црвена Звезда со која потпиша тригодишен договор. Претходно играше за Стабек и Лилестром.