Елмас: Да поправиме се што не чини не само реализацијата (ВИДЕО)

212

Македонснаката фудбалска репрезентација веќе трет ден како се подготвува за квалификациските предизвици кои претстојат. Против Лихтенштајн на 8. на гости односно против Германија на 11. октомври на домашен терен.

Нашите репрезентативци се подготвени за предизвикот, да ја остварат првата победа под водство на селекторот Благоја Милевски.

„Ние одиме да ги освоиме сите шест бода. Против Лихтенштајн но и против Германија. Мора да одиграме добро, онака како што одигравме на претходните мечеви но и да поправиме се она што не чинеше само реализацијата. Нема да биде лесно, Лихтенштајн не е лесен противник. Да не зборуваме за Германија, најпрво мислиме на првиот меч“ – изјави Елмас.

 

 

ПретходноДепај: Дали жалам што дојдов? Луѓе јас играм за Барселона
СледноМуслиу: Фаворити сме на хартија, но тоа се покажуа и докажува на терен