Кајри Ирвинг не тренираше со тимот на Бруклин по нивното враќање од тренинг кампот во Калифорнија.
Причината е тоа што ѕвездата на Нетс не е вакциниран. Бил де Бласио, градоначалникот на Њујорк, издаде наредба со која секој спортисти во градот мора да прими барем една доза од вакцината против Ковид-19 за да може да тренира во градот.
Неизвесно е кога Кајри Ирвинг повторно ќе му се приклучи на тимот.
„Кајри има свој став. Тука сме за него. Се надеваме дека работите ќе се сменат и дека наскоро ќе биде со нас“, изјави тренерот Стив Неш.