Легендарниот Пау Гасол и официјално оди во пензија: Подобро вака, отколку на патерици!

404

Прославениот шпански кошаркар Пау Гасол денеска и официјално потврди дека ја завршува играчката кариера. Тој ја објави својата одлука на прес-конференција што ја закажа пред една недела.

„Тука сум денес да ви го кажам она што го очекувавте. Ја завршувам професионалната играчка кариера. Ова е тешка одлука по толку години, но за истата размислував многу. Мора да знаете кога да забавите и да уживате. Сакав да продолжам да играм, но не со патерици или со операции“, изјави Гасол.

Тој изрази благодарност до сите што му помогнаа во текот на неговата кариера.

„Во текот на мојата долга кариера работев со многу луѓе. На сите им должам благодарност. Од новинарите што ме следеа на ова патување и поради кои нашата работа достигнува многу луѓе, преку фановите до физиотерапевтите, спонзорите, менаџерите … Благодарен сум им на сите, а особено на Пепе Казал, кој ми помогна на почетокот и ме подготви да влезам во овој свет“, заврши Гасол.

Во текот на минатата сезона, Гасол играше неколку месеци во дресот на Барселона со кој беше поразен во финалето од Евролигата. 41-годишниот Шпанец го освои шампионатот во НБА во текот на неговата кариера, додека со репрезентацијата беше светски шампион во 2006 година и трипати европски првак.

ПретходноУ21: Надежите на Канатларовски го пробаа теренот на Ф. Острови (ФОТО)
СледноЛегендата на Манчестер Ј. искрен: Ми гори душата што ќе го кажам ова, но Салах е најдобриот во Премиер лигата