Марко Николиќ и официјално не е повеќе тренер на Локомотив Москва

143

Српскиот фудбалски стратег, Марко Николиќ и официјално повеќе не е тренер на тимот на Локомотив Москва. За ваков развој на настаните се шпекулираше неколку дена, а попладнево дојде и официјалната потврда од страна на клубот.

„Фудбалскиот клуб Локомотив, и Марко Николиќ ја раскинаа досегашната соработка. Заедно со него, клубот го напуштаат и неговите соработници. Клубот му се заблагодарува на соработката и му посакува понатамошен успех“ – се вели во соопштението на клубот.

ПретходноСавевски: Ова е нова репрезентација, се обидувам да направам склоп на искуство и младост!
СледноВардар и Борец со пријателска в сабота во Велес