Муслиу: Фаворити сме на хартија, но тоа се покажуа и докажува на терен

124

Висар Муслиу пак то се однесува до двата клучни мечеви од тековната кампања на нашата фудбалска репрезентација против Лихтенштајн на гости на 8. односно против Германија на 11 октомври на домашен терен, смета дека ние реално сме фаворити на првиот натпревар но дека тоа мора, и треба да се покаже на терен.

„Знаеме што не очекува против Лихтенштајн, затоа што против оваа репрезентација  во изминатиот период игравме неколку пати. Знаеме што треба да направиме, секако сето тоа треба да се реализира на терен. Имаме капацитет, и мотив секако да му се спротивставиме на овон противнк и да одиграме на потребното ниво како и на изминатите мечеви“ – изјави Муслиу па додава

„Да, мора да ја поправиме реализацијата, но и да не примиме гол, исто така клучен елемент. Селекторот знае што сака, ни го кажува тоа на секој тренинг, а ние тоа  треба да го спроведеме на терен. На хартија сме фаворити, но тоа не ни значи ништо доколку не влеземе максимално посветено и ангажирано“ – изјави Муслиу. 

 

ПретходноЕлмас: Да поправиме се што не чини не само реализацијата (ВИДЕО)
СледноДавид навива за тато и чичо