„Националите“ одработеа уште еден тренинг, Адеми во „погон“

275

Македонската фудбалска репрезетација на чело со селекторот Благоја Милевски во моментов го одработува денешниот тренинг пред квалификациските мечеви против Лихтентајн на 8. на гости односно против Германија на 11. октомври во Скопје.

Нашиот состав во моментов е комплетен, барем што се однесува до оние играчи кои му се на располагање на селекторот Милевски во моментов.

Тхомир Костадинов тренира со полн интензитет, иако го пропушти последниот меч за Ружомберок поради ситна повреда. Дефинитивно ќе биде подготвен за Германија, затоа што против Лихтенштајн ќе ги „одлежува“ жолтите картони.

„Лавот“ Адеми тренира со останатите

Добра вест за нас е и поволната ситуација со Аријан Адеми. Играчот на Динамо почувствувал ситна настинка во текот на изминатата ноќ но по прегледите е констатирано дека се е во ред со него.

 

ПретходноАТП покрена истрага, Зверев се огласи: Со месеци ги молев да го сторат тоа!
СледноДепај: Дали жалам што дојдов? Луѓе јас играм за Барселона