Манчестер Сити има најдобри шанси да го донесе централниот бек на Виљареал Пау Торес. 24-годишниот фудбалер предизвика голем интерес кај клубовите од Премиер лигата, а летоска Тотенхем и Манчестер Јунајтед сакаа да го донесат но не успеаа. Според „Марка“ и „граѓаните“ го следат Торес подолго време дури и разговарале со играчот чија што цена „жолтата подморница“ ја проценува на 55 милиони фунти.
И покрај тоа што Гвардиола располага со Рубен Диас, Ајмерик Лапорт, Џон Стоунс и Нејтан Аке во одбраната, сепак, го сака и Торес во дефанзивниот ред. Се очекува клубот од Манчестер да проба да го донесе во јануарскиот преоден рок.
Торес одигра 44 меча за Виљареал минатата сезона, а беше дел од шпанската репрезентација на Олимпијадата во Токио.