Македонската ракометна репрезентација во ноември треба да одигра два пријателски натпревари во рамките на ЕХФ неделата (1-7 ноември). Противник на селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници ќе биде националниот тим на Египет, предводен од Роберто Гарсија Парондо.
Двете контролни средби начелно се договорени, домаќин ќе биде Египет, промена може да има само доколку се промени нешто во протоколите за патување во оваа земја во време на Ковид-19.
Македонската репрезентација во јануари ќе настапи на ново големо натпреварување, ќе биде дел од Европското првенство 2022 година. Нашиот најдобар национален тим се најде во групата со Данска, Словенија и Црна Гора, домаќин ќе биде Дебрецин.