Репрезентативец на САД доби дозвола да игра за Мексико

152

ФИФА даде зелено светло за одбранбениот фудбалер Хулиан Араухо да игра за репрезентацијата на Мексико и покрај тоа што има играно за Соединетите Американски Држави. Араухо, кој е роден во Ломпок, во Калифорнија има мексиканско потекло, но играл за сите младински и јуниорски селекции на САД. Во март оваа година тој играше за САД во олимписките квалификации против Мексико кои Американците ги загубија со 0:1. Дебитираше за А селекцијата на САД во декември 2020 против Ел Салвадор.

И покрај тој настап, ФИФА му дозволи на бекот на Л.А. Галакси да го смени националниот тим, па во иднина ќе ги брани боите на осумкратниот шампион на КОНКАКАФ зоната.

Араухо може да игра за Мексико против САД на 12 ноември оваа година во квалификациите за СП во Катар.

 

 

ПретходноБарселона должи 115 милиони евра за трансфери – дури 39 милиони за Пјаниќ!
СледноУапсен фудбалерот кој го клоцаше судијата во главата (видео)