Гораз Србљак (ТК Неготино) по петтипат стана државен првак во машка конкуренција откако во финалето на државното првенство кое се одржа во Скопје, славеше над Стефан Мицов (ТК Неготино) со 6-7, 7-6, 6-0.
Нашиот Дејвис Куп репрезентативец уште еднаш ја покажа својата форма и успеа да ја заврши сезоната со уште еден трофеј.