У21: Надежите на Канатларовски го пробаа теренот на Ф. Острови (ФОТО)

332

Македонската репрезентација до 21 година попладнево допатува на Фарските Острови и веднаш почна со тренинзи во очекување на новиот квалификациски меч за пласман на Европско првенство 2023. Нашата селекција в четверток игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

Селекторот на репрезентацијата, Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми поради неиграњето на неколку стандардни првотимци, но младите надежи најавија дека ќе дадат се од себе да дојдат со победа од овие две средби.

Претходно95% од навивачите на Њукасл бараат Стив Брус веднаш да добие отказ
СледноЛегендарниот Пау Гасол и официјално оди во пензија: Подобро вака, отколку на патерици!