На легендарниот Алекс Фергусон не му се допадна одлуката на Оле Гунар Солскјер да го изостави Кристијано Роналдо од првите 11 против Евертон (1-1).
„Фудбалерите на Еверон добија дополнителна сила кога видоа дека Роналдо не игра. Секогаш треба да го почнете мечот со своите најдобри играчи“, рече најголемиот тренер во историјата на Јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ победи само на два од последните шест меча. По дуелот со Евертон, Роналдо беше љут, „летаа пцовки“ на патот кон соблекувалната.
„Се гледа дека е разочаран од резултатот, целосно го разбирам. Постигна пет гола на пет меча, сакаше да продолжи во тој ритам, веруваше дека може да донесе победа на својот тим. Јунајтед мора да ги добива ваквите натпревари. Евертон одигра без многу фудбалери, Јунајтед мораше да победи“, коментираше Рио Фердинанд за БТ Спорт.