Членовите на Здружението на навивачи на Њукасл со големо мнозинство се изјаснија дека клупското раководство во најитен рок треба да му врачи отказ на менаџерот Стив Брус.
Повеќе од 94% од гласовите се за итна смена на тренерот.
„По седмиот последователен натпревар во Премиер лигата без победа и осми во сите натпреварувања, по само седум победи во последните 37 натпревари, во саботата со Вулверхемптон се забележува јасно зголемување на незадоволството кај навивачите. Ги прашавме нашите членови дали мислат дека Стив Брус треба да се повлече? Повеќе од пет илјади луѓе одговориле за еден ден, а од нив, 94,3% рекле да“, објавија од фан-клубот на Њукасл.
Незадоволството кај фановите е целосно оправдано и загриженоста за која зборуваат навивачите е очигледна со оглед на кризата која владее во тимот веќе неколку сезони.