95% од навивачите на Њукасл бараат Стив Брус веднаш да добие отказ

169

Членовите на Здружението на навивачи на Њукасл со големо мнозинство се изјаснија дека клупското раководство во најитен рок треба да му врачи отказ на менаџерот Стив Брус.

Повеќе од 94% од гласовите се за итна смена на тренерот.

„По седмиот последователен натпревар во Премиер лигата без победа и осми во сите натпреварувања, по само седум победи во последните 37 натпревари, во саботата со Вулверхемптон се забележува јасно зголемување на незадоволството кај навивачите. Ги прашавме нашите членови дали мислат дека Стив Брус треба да се повлече? Повеќе од пет илјади луѓе одговориле за еден ден, а од нив, 94,3% рекле да“, објавија од фан-клубот на Њукасл.

Незадоволството кај фановите е целосно оправдано и загриженоста за која зборуваат навивачите е очигледна со оглед на кризата која владее во тимот веќе неколку сезони.

ПретходноСрбљак по петтипат е државен првак во тенис
СледноУ21: Надежите на Канатларовски го пробаа теренот на Ф. Острови (ФОТО)