Марио Балотели повторно имаше свое шоу на терените. Сега игра за Адана која славеше против Анталија со 2:1, а Балотели го постигна првиот гол во 43. минута за после еден час да направи глупост во моменти кога неговата екипа имаше идеален контра напад.
Прво да кажеме дека Анталија изедначи во 59. минута, а три минути подоцна Балотели тргна во контра 3 на 2. Сите очекуваа дека тој ќе стигна до противничкиот шеснаесетник па потоа да одлучи дали да шутира или да проигрува, но тој застана и тргна да го тепа противничкиот фудбалер Фреди кој беше позади него.
Судијата им покажа жолти картони и на двајцата. Адана, сепак, во финишот даде гол и ги освои бодовите.
Balotelli is still a mad man. Imagine stopping a 3 v 2 to shoulder barge another player lmfaoooo 🤣pic.twitter.com/tpgsIh0I6e
— Mabushi Mawela (@Mr_Mawela) October 4, 2021