Леванте по лошиот старт на сезоната во шпанската Ла Лига му врачи отказ на тренерот Пако Лопез. Клубот од Валенсија освои само четири бода по првите осум кола и се уште нема победа, па од клубот одлучија дека време е да се смени нешто – па тргнат е Пако Лопез, а ќе се бара нов стратег. Пако работеше со Б тимот на Леванте, а потоа го презеде А тимот во 2018 година. Тој остави силен впечаток кај македонскиот репрезентативец Енис Барди кој емотивно се збогува од својот тренер преку Инстаграм.
„Шефе! Ви благодарам за се. Ви посакувам се најдобро во иднина затоа што тоа го заслужувате“, напиша Барди.
Барди играше на првите три натпревари во новата сезона, а потоа поради повреда ги пропушти следните пет. Најголема минутажа имаше против Сосиедад, на теренот помина 64 минути, а неговиот тим доживеа пораз од 1:0.