Кузмановски и Пешевски се пласираа во осминафиналето на Купот на Германија

89

Хановер на Филип Кузмановски и Штутгарт на Жарко Пешевски успешно ја минаа и 1/16-финалната рунда од германскиот ракометен куп. Вечерва во натпреварите од новото коло во Купот, Кузмановски и неговиот Хановер имаа лесна задача на гостувањето кај нисколигашот Лангенфелд и на крајот славеа со високи и убедливи 42:19.

Нашиот репрезентативен бек средбата ја заврши со два гола од три обиди.

За разлика од Хановер, Штутгарт доби многу посилен отпор од екипата на Римпар, која се потруди до самиот крај на мечот да остане во игра. Сепак, искуството и квалитетот на тимот на нашиот Пешевски на крајот им донесе и прилично убедлива победа на гостите од 34:26.

Исто како и Кузмановски и Жарко Пешевски имаше два гола од три обиди за екипата на Штутгарт вечерва.

ПретходноДеле Али ја „ќари“ ќерката на Пеп Гвардиола
СледноЛазаров и Нант во четвртфиналето од Лига Купот на Франција