Лута борба меѓу ривалите од Манчестер за потписот на „Новиот Суарез“

243

Екипата на Манчестер Јунајтед испрати скаути да го гледаат напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез, но нивните градски ривали од Манчестер Сити имаат предност во трката за Уругваецот. Како што пишуваат португалските медиуми, „црвените ѓаволи“ со свои луѓе биле на „Естадио де Луз“ кога Бенфика ја победи со 3:0 Барселона во Лигата на шампионите минатата среда. На натпреварот, Нуњез постигна два гола.

Весникот „А Бола“ тврди дека скаутите на Јунајтед биле забележани на стадионот и во неделата на мечот со Портимонензе, кога исто така го следеле настапот на Уругваецот.

Сепак, весникот тврди дека Сити имаат предност во трката поради нивниот посебен однос со Бенфика. Во последниве години, бразилскиот голман Едерсон и централниот дефанзивец Рубен Диас го напуштија португалскиот тим и заиграа на „Етихад“.

Нуњез има откупна клаузула од 125 милиони фунти, но „граѓаните“ се уверени дека можат да го купат за околу 70 милиони фунти.

ПретходноНојер не се појави на првиот тренинг на Германија, неизвесен за дуелите со Романија и Македонија?
СледноКајри Ирвинг не може да тренира со Бруклин затоа што не е вакциниран!