Мбапе за „Екип“: Не ми е проблем јас да трчам во одбрана, а Меси да оди по теренот

3702

Во интервју за „Екип“, фудбалерот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе ја отвори душата и зборуваше на бројни интригантни теми. Главната беше неговата желба да го напушти Париз и да отиде во Реал Мадрид.

На почетокот барам време да размислам. Пред ЕП им кажав на луѓето од клубот дека не сакам нов договор. А по ЕП јасно им порачав дека сакам да си одам. Мојата идеја беше сите да бидеме задоволни: ПСЖ, јас, клубот во кој ќе одам. Сакав ПСЖ да заработи од мене и да му дадам доволно време да најде замена… На кратко, сакав сите да бидат среќни и не сакав да си отидам како слободен фудбалер. Но тие одлучија да не ме продадат. Во ред! Продолжив да тренирам, да играм. Немам проблем со тоа што не ми дозволија да си одам. И понатаму сум во одличен тим. Реал испрати неколку понуди, од 160 до 200 милиони. Во тој период слушнав многу неточни работи: дека одбив пет или шест понуди од ПСЖ, дека не сум сакал да разговарам со Леонардо (спортскиот директор), дека сакам да кренам бунт во соблекувалната… Сакав нешто поинакво. Да заминев тоа ќе беше во Реал Мадрид“, вели фудбалерот на ПСЖ.

Мбапе додаде дека нема проблем да трча и за Меси.

Кога го имате Меси во тимот знаете дека тој помалку работи во одбрана за подоцна пред голот на противникот да биде поспремен и луциден. Ако морам да трчам назад, ќе трчам. Не ми е проблем. Тоа е хиерархија. Не ми е проблем да трчам додека Меси оди по теренот. Навистина немам проблем со тоа. Во краен случај тоа е Меси, зарем не? Не постои проблем меѓу нас. Некогаш јас не сум задоволен што не ми подал, некогаш тој е незадоволен… Но во суштина нема проблем“, рече Мбапе.

На еден меч камерите го „уловија“ Мбапе како го нарекува Нејмар „клошар“.

Да, точно така. Го реков тоа. Но на теренот се случува тоа. Не значи дека имаме проблем. Зборувавме после тоа… Многу такви зборови сме размениле во минатото, а тоа е така затоа што сакаме да победуваме, да освојуваме трофеи. Веројатно и во иднина ќе има такви реакции, но нема некое големо незадоволство. Го почитувам Нејмар и како играч и како човек. Понекогаш јас сум незадоволен од негов потег, некогаш тој… Но тоа поминува“, додаде младиот фудбалер.

ПретходноБарди се поздрави со тренерот: Шефе, ви благодарам за се…
СледноВујовиќ: Парите не ми беа важни за да дојдам во Вардар, сакам да ги вратам Карачиќ, Циндриќ…(ВИДЕО)