Емил Рајковиќ со триумф го започна новиот меѓународен предизвик во кариерата. Македонскиот стратег од оваа сезона го предводи тимот на Автодор од Саратов со кого потпиша едногодишна соработка.
Во првото коло од силна ВТБ-лига, Рајковиќ и неговите момци тргнаа со победа на гостувањето кај Калев, каде славеа со 93-97. Ова беше доста интересен меч, откако домаќинот беше подобар во првата четвртина (28-20), тимот на македонскиот тренер одигра одлично во следните две четвртинини за прва радост.