Бразил остана без Касемиро за следните три меча затоа што го боли заб!

118

Играчот за врска на Реал Мадрид, Касемиро нема да може да му помогне на Бразил на претстојните квалификациски средби за СП 2022 година, потврдија од Бразилската фудбалска конфедерација. Според информацијата, Касемиро има проблеми со еден заб.

„Добивме податоци од лекарскиот преглед. Касемиро има воспаление на заб и му е советувано да не прави дополнителни стресови во следните пет дена“, изјавил докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар.

Бразилската репрезентација ќе игра на гости со Венецуела на 8 октомври, додека на 11 октомври се среќава со Колумбија. Веќе на 15 октомври „кариоките“ ќе бидат домаќини на Уругвај.

ПретходноПрекинат подготвителен меч во НБА: Се огласи алармот за пожар, сите тргнаа кон излезите на салата (ВИДЕО)
СледноПолуфинале во ЛН: Шпанија сака одмазда за поразот во полуфиналето на Евро 2021