Втор домашен пораз за Бадел 1861 на Јадранот

393

Македонскиот женски вицепрвак ниту во второто коло не успеа да дојде до историската победа во јадранската лига. Екипата на Бадел 1962 на домашен терен беше совладана од фаворитот Целје со убедливи 59-92.

Кошаркарките на македонскиот претставник беа рамноправен противник шест и пол минути, по кои гостите со серија од 8-0 направија пресврт за водство од 14-21 по првата четвртина. Негативата на одморот беше уште поголема 28-49.

За жал, „баделки“ не успеаја да се вратат, на крајот го запишаа вториот пораз во ова натпреварување.

Трајчевска со 19 поени, 5 скока и 5 асистенции беше прв стрелец, зад неа беше Стојановска со 14 поени.

ПретходноНова блескава партија: Трипл-дабл на Магдевски во триумфот на Плошети
СледноНема веќе пречки: Пребогатиот шеик Мохамед бин Салман го купува Њукасл!