Жорди Кројф го спасил Куман од отказ

173

Според информацииите до кои дојдоа Каталонските медиуми во текот на денешниот ден, клучна улога во тоа да Роналд Куман не добие отказ по последниот меч и поразот од Атлетико Мадрид имал Жорди Кројф, синот на легендарниот Јохан Кројф.

Тој е во моментов во улога на советник на првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, и токму по нивниот заеднички разговор, Куман наводно се спасил од отказ.

Кројф го уверил Лапорта дека по враќањето на Агуеро, Дембеле и Ансу Фати ситуацијата ќе биде далеку подобра и дека резултатите ќе тргнат во позитивна насока.

 

ПретходноОстанува ли во ПСЖ? Мајката на Мбапе ги шокираше “кралевите“!
СледноИ тоа го има на Автокоманда: Потег кога навивач удира со топка гостински играч! (ВИДЕО)