И навистина сме за смеење што би се рекло. Ова се случува во нашата елитна ПМФЛ. И тоа на стадионот на Автокоманда во саботата на средбата меѓу Скопје и Академија Пандев.
Топката во еден момент отиде меѓу домашните фанови, еден од нив дојде до оградата и место да му ја подаде топката на гостинскиот играч, направи “финта“, а потоа со топката го удри по главата фудбалерот на Академија Пандев.
Ако ова се случеше некаде во Европа тоа ќе беше скандал од прв ред, вака на овој наш Балкан се поминува. И јавноста немаше да знае ако не постоеја социјалните мрежи.
Срамно, примитивно, за осуда…
Македонски фудбал, тоа е… 😂🤣@TrollFootball pic.twitter.com/2WvbShzaHg
— Маче| 🇲🇰 (@Vlatko100janosk) October 6, 2021