Одбојкарските првенства почнуваат на 16 октомври, познати двојките за 1. коло

106

Вкупно 28 екипи ќе се натпреваруваат во сениорските конкуренции во новата одбојкарска сезона 2021/22. За разлика од лани, кај дамите ќе има Втора лига, а во машка конкуренција ќе учествуваат 11 екипи во еден ранг. Вчерашната ждрепка го одреди распоредот за есенскиот дел којшто ќе трае од 16-ти октомври до првата половина на декември и ќе ги одреди патниците во борбата за титулата.

Во Првата машка лига ќе играат 11 екипи, покрај десетте од минатата сезона, сега во трка ќе биде и Македонија Џио. Во есенскиот дел ќе има 11 кола, екипите ќе играат „секој со секого“ по еднаш, а потоа ќе биде формирана Втора фаза-1 со најдобрите шест екипи по есенскиот дел и Втора фаза-2 со преостанатите пет. Потоа ќе има полуфинале до две победи на првопласираните четири екипи од Втора фаза-1 и финале до три победи на поуспешните тимови од полуфиналните соочувања.

Кај дамите, во Првата лига ќе учествуваат осумте најдобри екипи од минатата сезона. За разлика од мажите, дамите ќе играат двокружно, вкупно 14 кола во почетниот натпреварувачки сегмент, потоа ќе има Втора фаза-1 со по шест меча за секој учесник, по што ќе почне разигрувањето според ист принцип како кај мажите. Во Втора фаза-2 четирите екипи коишто ќе бидат од 5-тото до 8-то место по есенскиот сегмент, исто така ќе играат по шест средби, а најдобрите две ќе го сочуваат прволигашкиот статус. Седмопласираната ќе оди во бараж со второпласираната од Втората лига, а осмопласиранат од Првата лига ќе се пресели во понизок ранг. Неговото место ќе го заземе најдобриот состав во Втората лига ќе има девет екипи. Тие ќе одиграат по осум натпревари во есенскиот дел.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

1-КОЛО (16 ОКТОМВРИ)

Универзитет во Тетово – Штип УГД

Вардар – Лирија

Шкендија – Дибра Волеј

Јанта Волеј – Македонија Џио

ГОК Борец – Весна Пробиштип

Струмица 47&72 (слободна)

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

1-КОЛО (16 ОКТОМВРИ)

Јанта Волеј КВ – Фит Фан Волеј

Вардар – Пелистер Волеј

Струмица – Работнички

Универзитет во Тетово – Наковски Волеј

ПретходноУЕФА го престави логото за Евро 2024 во Германија
СледноНавивачите на Милан му порачаа: Донарума не си добредојден во Милано