Останува ли во ПСЖ? Мајката на Мбапе ги шокираше “кралевите“!

413

За два дена две шокантни интервјуа на семејството Мбапе во француските медиуми. Прво Килијан, фудбалерот на ПСЖ кажа дека летоска имал само една цел, а таа е да замине во Мадрид и да го облече дресот на Реал Мадрид.

Ден после ова интервју, свој коментар имаше и мајката на Мбапе, Фајза Ламари која воедно е вклучена во преговорите околу продолжување на кариерата на својот син.

Во моментов преговараме со ПСЖ и тие преговори течат во добра насока. Дури синоќа разговарав со Леонардо, дали постигнавме договор? Една работа е сигурна – Килијан ќе стори се да ја освои Лигата на Шампионите со ПСЖ. Мојот син мора да се чувствува важен и задоволен“ истакна неговата мајка.

Овие нејзини зборови шокатно делуваа во Реал Мадрид, имено “кралевите“ веќе не се така сигурно дека Мбапе и ПСЖ нема да постигнат договор.

ПретходноКазахстан не им издаде визи за влез на „пола“ Босанска репрезентација
СледноЖорди Кројф го спасил Куман од отказ