ФИФА во Италија ќе ги тестира новите правила за офсајд

391

ФИФА сериозно ја разгледува можноста за промена на правилата за офсајд во фудбалот. Иницијативата која низ медиумите се влече со години, веројатно ќе биде и конкретно тестирана.

Многу тимови не се задоволни од фактот што напаѓачката страна е казнета со прекин на игра дури и во ситуации кога нема реална закана за противникот. Според најавениот план на дел од комисиите на ФИФА, Италија понудила да ги испроба промените во правилата за време на натпреварите меѓу младите до 18 години.

Наводно, новите правила може да создадат т.н. „прозорец“ меѓу телото на напаѓачот и дефанзивецот, наместо тековниот екстремно тенок јаз што е нагласен со прегледите на ВАР.

ПретходноПремиер лигата го одби барањето на Ливерпул за презакажување на мечот со Ватфорд
СледноБадел 1862 го пречекува големиот фаворит Цинкарна Цеље, Баскет Кам против Орлови