Али Адем: Целта е три бода од гостувањето на Ф. Острови!

219

Нашата млада репрезентација го одработи последниот тренинг пред утрешниот дуел со Ф. Острови, во меч од квалификациите за ЕП 2023.

Како што велат од нашиот табор, нашите надежи за подготвени да го дадат својот максимум и да ги освојат тие три бода.

За тоа што може да се очекува од утрешниот меч со домашната селекција на Ф. Острови, за сајтот на ФФМ, свој коментар има Али Адем, играчот за врска на Шкупи.

Максимално сме фокусирани пред овој натпревар, со нетрпение го чекаме почетокот на мечот. Имавме доволно време да се прилагодима на временските услови кои овде владеат и мислам дека сме подготвени да го дадеме својот максимум. Целта е јасна, тоа се трите бода, но до нив можеме да дојдеме само ако стриктно ги испочитуваме поставените задачи од селекторот. Свесни сме дека во фудбалот нема лесни ривали, нема слаба репрезентација. Играме на мал стадион, на терен со вештачка трева, нема да биде лесно, но реков, ќе дадеме се од себе да победиме“ посочи Али Адем.

Инаку утре натпреварот започнува во 15 часот.

ПретходноАЛЕКСАНДАР МИРЧЕВСКИ ОСВОИ СКУТЕР ВО „ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ“
СледноПињеирос е вториот полуфиналист на Супер Глоб!