Бадел 1862 го пречекува големиот фаворит Цинкарна Цеље, Баскет Кам против Орлови

80

Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, во рамките на 2-то коло од Групата „Б“ во регионалната WABA лига, денеска (18 ч.) ќе се сретнат со екипата на ЖКК Цинкарна Цеље. Распоредот на натпревари сакаше „баделки“ во првите две кола од натпреварувањето да ги одмерат силите со двата претенденти за највисок пласман, Монтана 2003 во првото коло и Цинкарна Цеље во второто коло.

Цинкарна Цеље е една од најсилните екипи во регионалната лига, 17-кратен шампион на Словенија, 15 пати освојувачи на Купот на Словенија, двократни шампионки во регионалната WABA лига и екипа којашто секогаш настапува со шампионски амбиции.

Годинава тие во WABA лигата започнаа со сигурна победа против Партизан 1953 во Белград.

Во истовреме и вториот македонски преставник во регипоналната лига, екипата на Баскет Кам ќе го одигра мечот од 2. коло. Денеска во Македонска Каменица, нашиот преставник го пречекува тимот на Орлови, кој во 1. коло беше слободен.

ПретходноФИФА во Италија ќе ги тестира новите правила за офсајд
СледноПолјакот Франковски ќе ни суди во Вадуц против Лихтенштајн