Конечно и Италија на “колена“, Шпанија во финалето во Лигата на Нации, спектакл на “Сан Сиро“!

236

Конечно, по 37 натпревари без пораз, во 38. Италија е поразена. И тоа дома, и тоа на “Сан Сиро“. Европскиот првак дома вечерва е поразен од Шпанија со 2:1 во полуфиналето во Лигата на Нации. Ова е и прв пораз на Италија на “Сан Сиро“.

Фантастичен меч, натпревар за уживање,но сепак Шпанија беше подобра, Феран Торес беше речиси перфектен, постигна два гола.

Ова беше и одмазда на „фуријата“ по поразот во полуфиналето на ЕВРО, пред точно три месеци.

Првиот дел започна со шанса за Киеза, добро шутираше, но голманот на Шпанија, Симон беше на место. Вратија Шпанците во 13.минута, но шутот на Ојарзабал во последен момент беше блокиран. Само четири минути подоцна, гол за Шпанија и тоа на Феран Торес. Прекрасно го испрати центаршутот на Ојарзабал Днонарума беше немоќен.По тој гол гостите “експлодираа“, се редеа акциите пред голот на Италија, а Феран Торес во 45.минута зголемува на 2:0 и повторно Ојарзабал беше асистент.

Претходно Инсиње имаше зицер за 1:1, но што ли само промаши напаѓачот на „аѕурите“. Да кажеме дека во 42.минута рускиот судија Карашев му покажа втор жолт, односно црвен картон. Па така Италија играше со играч помалку.

ИТАЛИЈА НАМАЛУВА ВО ФИНИШОТ

Во вториот дел Феран Торес беше заменет, место него во игра влезе Пино, кој исто беше одличен и имаше шанси за гол, барем еден.

Во 83.минута домашните преку Пелегрини, Италија намали на 2:1, тоа беше казна за сите промашувања на Шпанците.

Секако дека треба да се споменат жестоките свирежи од домашните фанови кон Донарума, некогашниот голман на Милано кој ова лето си замина во ПСЖ. А до тогаш беше нивни херој, беше прогласен за играч на ЕП, на кое тие беа европски шампиони.

Утре во второто полуфинале во Лигата на Нации, се среќаваат Франција и Белгија во Торино.

ПретходноСуарез го прозва Куман: Телефонскиот разговор траеше 40 секунди!
СледноСтигнаа добри вести за навивачите на Јувентус