Локалните Избори го поместија 10.коло во ПМФЛ!

613

Нормално е тоа за Македонија. Кога има избори, а на 17 октомври се Локалните Избори 2021, се да биде во втор план. Па така како што е и вообичаено, 10.коло во ПМФЛ кое требаше да се игра на 17 октомври, е поместено за еден ден порано. Значи сите шест меча од ова коло во нашата елитна лига ќе се играат в сабота, на 16 октомври. Дербито на колото се игра во Струмица, каде Академија Пандев го очекува составот на Шкендија.

Второлигашите пак своето 7.коло ќе го играат во однапред закажаниот термин, в сабота на 16 октомври. Значи во еден ист ден ќе се играат сите натпревари од ПМФЛ и двете втори лиги, и тоа порази Локалните Избори.

Но до тогаш има време, сега на ред се дуелите на нашата репрезентација со Лихтенштајн и Германија, во рамките на квалификациската група Ј за пласман на СП во Катар 2022.

Претходно„ Transfermarkt“ го смести Пандев во тимот на „старците“ (ФОТО)
СледноБарселона се собра на време против Ел Замалек