Македонија „летна“ за Лихтенштајн (ФОТОГАЛЕРИЈА)

314

Македонската фудбалска репрезентација попладнево полета со чартер лет за Лихтенштајн каде што не очекува првиот од двата претстојни квалификациски дуели против домаќинот на 8 октомври.

Предводени од селекторот Благоја Милевски, нашите репрезентативци заминуваат кај реално аутсајдерот во групата за да ја остварат првата победа под водство на Милевски откако во претходните три меча одигравме реми.

Нашиот нациоанлен тим е подготвен за она што следува, а тоа е оправдување на улогата на фаворит на овој меч, и освојувањето на трите бода. Потоа следуа на 11. октомври големиот меч против Германија на домашен терен, но тие мора првенствено да ја завршиме задачата кај Лихтенштајн, а дури потоа да мислиме на спектаклот во Скопје.

 

ПретходноМилан го „врзува“ Ромањоли со нов договор
СледноМладите го „одработеа“ официјалниот тренинг (ФОТО)