Екипата на Милан е решена да го задржи во своите редови капитенот Алесио Ромањоли. Неговиот актуелен договорт истекува на крајот од оваа сезона, и клубот односно управата е решена да му се понуди нова соработка.
Јавноста во Италија вели дека сеуште е рано да се говори за епилогот од преговорите, но Милан очигледно е задоволен од она што капитенот го игра во изминатиот период, па нема намера да го пушти на друго место.