Македонската репрезентација до 21. година како што е тоа обичај кога сме гости, во терминот од одигрувањето на утрешниот квалификациски дуел против Фарските Осрови го одработе официјалниот тренинг од 15:00 часот.
Наите надежи предводени од селекторот Драган Канатларовски се подготвени за предивзикот и покрај проблемите кои настанаа, што поради повреди, што поради административни моменти, како на пример карантини и слично. Сепак, кој не е тука без него и се може па така што избранците на Канатларовски, односно за оние кои ќе се одлучу селекторот за утрешниот меч, секако дека ќе го дадат максимумот за да ја остварат првата победа во оваа кампања по поразот од Франција односно ремито против Србија на домашен терен.