Навивачите на Милан му порачаа: Донарума не си добредојден во Милано

173

Навивачите на Милан поставија транспарент во очи на денешниот меч меѓу Италија и Шпанија во полифиналето на Лигата на нации со кој му порачаа на поранешниот голман на тимот, Донарума дека не е добредојден во градот.

„Донарума, никогаш повеќе не си добредојден во Милано“, пишува на транспарентот кој беше поставен на еден мост во близина на хотелот на италијанската репрезентација.

Донарума летово на негово инсистирање го напушти Милан и се пресели во Париз во дресот на ПСЖ. Договорот на италијанскиот голман со Милан истече, по што одлучи да го смени тимот.

ПретходноОдбојкарските првенства почнуваат на 16 октомври, познати двојките за 1. коло
СледноПрекинат подготвителен меч во НБА: Се огласи алармот за пожар, сите тргнаа кон излезите на салата (ВИДЕО)