Нова блескава партија: Трипл-дабл на Магдевски во триумфот на Плошети

244

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски блеска во дресот на Плоешти. Оваа сезона дефинитивно ја почна неверојатно, не само што е на врвот на листата во романскиот шампионат, бројки зад неговото име се перфектни.

Во победа број два на Плошети запиша трипл-дабл. Неговиот тим славеше против Рапид Букурешт со убедливи 85-61, а Магдевски постигна 13 поени, 10 скока и 13 асистенции за 30. минути во игра.

И не е само ова, тој е втор стрелец во редовите на својот тим, на одличниот учинок додаде уште еден скок.

За Плоешти ова е втора победа во низа во исто толку одиграни натпревари во романското првенство.

ПретходноСерхио Рамос во јануари си оди од ПСЖ, би можел да заврши на “Олд Трафорд“!
СледноВтор домашен пораз за Бадел 1861 на Јадранот