Полјакот Франковски ќе ни суди во Вадуц против Лихтенштајн

99

Полскиот судиски интернационалец Бартош Франковски ќе ја дели правдата на петочниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн во Вадуц. Во рамите на 7. коло во групата „Ј“, Македонија ќе се обиде да ја обезбеди третата победа во групата на гостувањето кај селекцијата која по првите шест меча не успеа да слави нуту еднаш.

Франковски минатата година ни судеше на натпреварот од Лигата на нации во скопје против Грузија кој заврши нерешено 1:1. Тоа е мечот на кој Франковски на нашиот голман Димитриевски му покажа црвен картон.

ПретходноБадел 1862 го пречекува големиот фаворит Цинкарна Цеље, Баскет Кам против Орлови
СледноЛоши вести од Унгарија: Манасков ги скинал вкрстените лигаменти, го чека операција и долга пауза!