Серхио Рамос во јануари си оди од ПСЖ, би можел да заврши на “Олд Трафорд“!

1147

Сензација или само шпекулација. Имено како што пишуваат медиумите во Италија и Франција, Серхио Рамос, летната аквизиција на ПСЖ би можел уште во јануари да го напушти Париз.

Имено на директорот на “светците“ Леонардо, му здодеало да го чека Шпанецот да заздрави од бројните повреди и се повеќе, па дури и гласно почнал да размислува за тоа како да се “ослободи“ од искусниот дефанзивец. Се шпекулира дека Леонардо веќе стапил во контакт со Манчестер Јунајтед со кого би можело да се преговара за евентуална трампа меѓу овие два клуба. Имено Рамос, кој се уште нема дебитирано во дресот на ПСЖ, би заминал на “Олд Трафорд“, а за возврат ПСЖ би го добил Марсијал.

Сега останува да се види потегот на Јунајтед.

ПретходноАлборг го победи Ал-Вехда и си закажа полуфинален меч со Магдебург!
СледноНова блескава партија: Трипл-дабл на Магдевски во триумфот на Плошети