Фленсбург после 15 години остана без пласман во 1/8 финалето во Купот на Германија

113

Сензација во Купот на Германија. Големиот фаворит, Фленсбург не успеа да обезбеди место во осминафиналето, откако Ерланген го совлада со 29-26. Со овој пораз, Фленсбург стави крај на една убава серија, после 15 години нема да се најде меѓу најдобрите 16 екипи во националниот Куп.

Место во следната рунда обезбеди и третиот македонски репрезентативец. Филип Миркуловски и Вецлар ја оправдаа фаворитската улога против Ајзенах, беа подобри со 29-25.

Нашиот репрезентативец не успеа да се запише во листата на стрелци. Вчера во осминафиналето место заверија Жарко Пешевски и Филип Кузмановски.

ФОТО: Фленсбург

ПретходноБарселона се собра на време против Ел Замалек
СледноСуарез го прозва Куман: Телефонскиот разговор траеше 40 секунди!