Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Швајцарија, поточно во Бад Рагац. Ова место кое е блиску до Лихтенштајн, поточно до Вадуц ќе биде база на „рисовите“.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Боби Милевски и неговите момци во петок ќе го одиграат мечот против Лихтенштајн во рамките на квалификациите за СП 2022 година, а додека утре ќе го одработат единствениот тренинг пред натпреварот.
Македонија во претходните пресметки доминира против оваа селекција, традицијата вели дека нашите момци треба да се вратат со цел плен, како загревање за дуелот со Германија закажан за 11. овој месец на домашен терен.