Ѓорѓиевски: Сконцентрирано и одговорно до прва квалификациска победа

149

Македонската репрезентација до 21. година денеска ќе го има официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел против Фарски Острови на гостински терен од 15:00 часот.

По првите два меча имаме еден освоен бод, затоа што загубивме од Франција и одигравме 0:0 со Србија. Сега е на ред првата победа против реално најслабиот протиник во групата.

„Најслаб да, но само на хартија. Знаеме што се случуваше изминатиот квалификациски циклус и добро знаеме што значи да се игра против оваков тип на репрезентаци. Имаме императив на победа пред себе и мислам дека со сконцентрирана и одговорна игра во која ќе ги исполниме сите задачи зададени од страна на селекторот ќе стигнеме до првата победа во овие квалификации“ – изјави за Спортмедиа, Марко Ѓорѓиевски.

 

ПретходноНури Шахин стана играч-тренер на турскиот суперлигаш Анталијаспор
СледноПроблем: Корона во Баскет Кам!