Барселона е последниот полуфиналист на Суперглоуб. Каталонскиот гигант се намачи за да дојде до победата, а за тоа се погрижи актуелниот африкански првак, Ел Замалек.
Добрата игра во второто полувреме беше пресудна за триумфот на актуелниот европски првак од 36-32. Ел Замалек беше одличен во првото полувреме во кое имаше позитива од еден гол. Каталонците се „стегнаа“ во вториот дел, на крајот нивните искуство беше доволна за да се урне отпорот на противникот.
Во полуфиналето Барселона ќе игра против бразилскиот Пињеирос, во втората двојка за место во финалето ќе се сретнат Алборг и Магдебург.