Дали Глејзер полека се „ослободуваат“ од Манчестер Ј.? Продаваат уште 8% од акциите!

198

Семејството Глејзер, кое поседува мнозински пакет акции во Манчестер Јунајтед, ќе стави на продажба 8 проценти од своите акции во клубот. Доколку ги продадат, тие се уште ќе поседуваат 69 проценти од акциите во англискиот гигант.

Веќе 16 години, американското семејство Глејзер е доминантен сопственик на Манчестер Јунајтед.  Таа врска не била секогаш исполнета со љубов, особено што од време на време навивачите на клубот искажуваат отворено незадоволство од сопствениците.

Неодамна, тоа се случи и во врска со основањето на таканаречената Супер лига, каде лутите навивачи на Јунајтед последователно го нападнаа „Олд Трафорд“ и го одложија натпреварот против Ливерпул.

Би-Би-Си, исто така, пишува дека семејството Глејзер, исто така, продало добар дел од акциите уште во март, пред скандалот со Супер лигата. Во тоа време, Аврам Глејзер продаде акции за околу 611 милиони долари.

ПретходноПроблем: Корона во Баскет Кам!
СледноНојер на тренинг, во комбинација за мечот со Македонија